16 април 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја известува јавноста за фрапантните злоупотреби со буџетските средства во Општина Чаир. Податоците од Open Finance го потврдуваат она што граѓаните одамна го чувствуваат – дека парите на чаирчани се трошат за партиски интереси, додека клучните сектори во општината пропаѓаат.
Официјалните бројки откриваат дека Општина Чаир исплаќа месечен износ од околу 1.000 евра на Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник од друга општина. За ДУИ е неприфатливо лице кое:
да добива енормни суми од општинската каса, додека локалниот кадар се соочува со егзистенцијални проблеми.
Ова е реалноста што ја создаде Изет Меџити: додека за партиските активисти од други градови се одвојуваат по илјада евра месечно, едукаторите и негувателките во градинките во Чаир веќе шест месеци се без своите надоместоци од само 100 евра.
Поради оваа негрижа, професионалците кои се грижат за нашите деца се принудени да ги напуштаат работните места. За Меџити, партиската лојалност е поважна од иднината на нашите деца.
„Ова е врв на моралната, политичката и институционалната деградација на општината. Изет Меџити веќе нема никаков кредибилитет да зборува за развој или грижа за граѓаните.“
Ваквото недомаќинско работење и класичната злоупотреба на народните пари мора да престане веднаш. Како политички субјект кој се залага за достоинството на граѓаните, Демократската унија за интеграција бара итна оставка од Изет Меџити.
Нема да дозволиме Чаир да биде заложник на лични и партиски интереси. Нема да застанеме додека не се врати одговорноста и институционалното достоинство на Општина Чаир.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

