15 април 2026
• од Гоце Кически
Левица Делчево објави реакција по добиените официјални податоци од Општина Делчево, во која остро го критикува начинот на управување со јавните финансии, особено во контекст на неодамнешната посета на општинска делегација во Италија за воспоставување збратимувања со неколку градови.
Според информациите доставени по барање за пристап до информации од јавен карактер со број 20-932 од 17 март 2026 година, вкупниот долг на општината заклучно со 25 март изнесува 200.923.384 денари. Од Левица нагласуваат дека покрај овој износ, постојат и обврски кон советничките состави, при што кон претходниот состав од периодот 2021–2025 година долгот изнесува 5.181.603 денари, додека кон актуелниот состав од 2025–2029 година се евидентирани 1.402.092 денари.
Во реакцијата се наведува и дека во периодот од октомври 2025 до март 2026 година кон градежната компанија ГП „Гранит“ се исплатени 10.768.152 денари, додека само за февруари 2026 година за плати и придонеси, вклучително и привремени вработувања, се потрошени 3.534.033 денари. Од партијата потенцираат дека станува збор за официјални податоци кои се потпишани и заверени од надлежните институции.
Левица оценуваат дека наместо фокус на финансиска консолидација, локалната власт троши ресурси на активности кои ги квалификуваат како туристички и промотивни.
Од Левица повикуваат на воспоставување јасен и транспарентен план за намалување на долгот, како и на поставување на приоритети во трошењето и реализација на конкретни проекти со видливи резултати за граѓаните. Во спротивно, предупредуваат дека ќе продолжи праксата на натрупување долгови без суштински напредок, што директно ќе се одрази врз квалитетот на живот во општината.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

