14 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ), Александар Насковски, упати сериозни обвинувања за незаконско постапување во Министерството за одбрана. Според синдикатот, правата на војниците се системски газени, а министерот Владо Мисајловски директно ги прекршил законските одредби, со што го оштетил буџетот и егзистенцијата на над 2.000 припадници на Армијата.
Првото клучно прекршување се однесува на членот 40-а од Законот за служба во Армијата. Насковски тврди дека министерот Мисајловски не го донел задолжителниот План за преземање и распоредување на професионалните војници за наредната година, што е законска обврска која мора да се исполни најдоцна до 31 декември.
„За прв пат откако постои оваа законска обврска, Планот не ни е доставен на барање на синдикатот. Со ова министерот не само што го игнорира законот, туку и свесно оди на штета на војниците. Согласно став 5 од истиот член, за овој пропуст е предвидена глоба од 15.000 евра во денарска противвредност“, дециден е Насковски.
Вториот удар врз достоинството на војниците доаѓа од непочитувањето на одлуките на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Имено, на 16.07.2025 година, Комисијата утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници поради нетрансформирање на нивниот работен однос од определено на неопределено време.
Иако законскиот рок од шест месеци за постапување по препораките истече на 16.01.2026 година, Министерството за одбрана:
Поради тоа што ниту еден професионален војник не добил трансформација на работниот однос согласно Законот за работни односи, НСПВ веќе поднесе барање до Државниот инспекторат за труд (ДИТ) за итен надзор и изрекување глоби.
Пресметките на синдикатот се застрашувачки за јавните финансии:
Насковски е дециден дека зад сјајните соопштенија на Министерството се крие сурова реалност.
„Дискриминацијата трае со децении и уништува цели генерации професионални војници. Институцијата ја прикрива вистинската состојба зад лажна ПР кампања, додека војниците го губат трпението“, додава тој.
Од НСПВ најавуваат дека ова е само почеток на разоткривањето на незаконските дејствија во одбраната. Во наредниот период синдикатот вети објавување на нови докази кои дополнително ќе ја разнишаат сликата за менаџирањето со Армијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

