16 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот политичар Стојан Таслаков преку социјалните мрежи сподели видео на кое, според неговите тврдења, се гледа инцидент со палење на две возила поврзани со бугарската амбасада во Скопје. Тој остро реагираше на настанот, критикувајќи ја безбедносната ситуација и институциите.
Според описот на Таслаков, инцидентот се случил среде бел ден, на јавно место, а сторителот кој го подметнал пожарот јасно се гледа на снимката и не носи маска за да го сокрие својот идентитет.
„Ова покренува сериозни прашања за безбедноста и за тоа како воопшто е возможно вакво дејствие да биде извршено на овој начин, без покритие од власта“, коментира тој во својата објава.
Таслаков потенцира дека во моментов нема официјална информација за приведен сторител или за мотивите за овој напад, посочувајќи дека ваквите случаи во последните години оставаат чувство дека недостигаат реални последици за сторителите. Тој предупредува дека ваквите нерасчистени инциденти неизбежно создаваат тензија и недоверба кои не би требало да постојат меѓу две соседни држави.
Во својата реакција, тој прави остра дистинкција меѓу обичните граѓани и политичките елити во земјава:
„Лично сум бил во Северна Македонија и сум видел и друго – нормални луѓе, гостопримство и човечки однос. Очигледно има разлика меѓу секојдневните односи меѓу луѓето и нивните србомански управници.“
На крајот од своето обраќање, Таслаков порачува дека нема оправдување за вакви вандалски дејствија, потсетувајќи дека Бугарија секогаш била фактор на поддршка во тешките моменти.
„Една работа треба да биде јасна – почитта кон Бугарите, како и кон сите останати народи, е минималниот стандард“, заклучува тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

