27 август 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица упати остри критики кон изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој дата-центрите ги нарече „нова нафта“ за која Македонија мора да го искористи моментот. Според Левица, оваа идеја не е вистинска развојна стратегија, туку отворање врата за глобалниот капитал да ги исцрпува македонските природни ресурси – пред сѐ водата и струјата.
Од партијата нагласуваат дека државата не може да се води со „фрази од технолошки конференции“, особено кога нема енергетска самостојност и стабилна инфраструктура. Тие истакнуваат дека во недостиг на вистинска производна база, стратегијата на власта се сведува на нудење на државата како платформа за евтина експлоатација преку евтина работна сила, земјиште, вода и електрична енергија. Овој модел, велат од Левица, се гледа и преку други примери како најавената експлоатација на антимон во Крива Паланка за извоз во САД и хидроенергетските проекти на Дошница.
Левица посочува дека додека Мицкоски ја нуди Македонија како локација за дата-центри на странски инвеститори (како на пример компанијата Rumble), во САД растат ограничувањата и мораториумите за нивна изградба. Причината за тоа е огромната потрошувачка на ресурси, пред сѐ вода потребна за системите за ладење на серверите.
„За Македонија, која секое лето се соочува со сушни периоди и температури над 40°C, прашањето е дали ќе им се даде приоритет на серверите пред водата за населението и земјоделството“, предупредуваат од Левица. Дополнителен проблем е и недостигот на инфраструктура за снабдување со струја, што може да доведе до нестабилност во електро-мрежата во регионите каде би се граделе ваквите центри.
На крајот, Левица заклучува дека од ваквите проекти економска корист ќе имаат само приватните инвеститори, додека државата ќе добие несразмерно мал дел од финансиите. „Ако водата и струјата ги обезбедува државата, а профитот го зема приватниот капитал, тогаш Македонија не станува богата, туку ресурсна периферија на туѓиот капитал“, стои во реакцијата на партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

