27 август 2026
• од Стефан Николов
Поранешниот премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во своето најново излагање направи јасна разлика помеѓу македонскиот национализам од почетокот на деведесеттите години и политиките кои подоцна ги промовираше неговиот наследник во партијата, Никола Груевски.
Според Георгиевски, додека борбата за самостојна држава барала одредена доза на национален набој, проектот за античка Македонија бил целосен апсурд кој на земјата ѝ донел само неразбирање од меѓународната заедница.
Осврнувајќи се на периодот на осамостојувањето, Георгиевски смета дека тогашниот национализам имал историска задача и оправдување поради големиот влог – создавањето на сопствена држава по распадот на поранешна Југославија.
„Некогаш можеби тој македонски национализам, еве и да кажам се оправдувам себе, бил оправдан кога правевме самостојна држава. Нели имаше Југославија, треба да се распадне таа држава, треба да направиш самостојна Македонија. Идејата е голема, улогот е голем и тој национализам е некако оправдан.“
Поранешниот премиер не бега од самокритика за одредени реторики кои подоцна произлегувале од неговата партија, за кои денес смета дека биле непотребни. Сепак, тој децидно посочува дека вистинската девијација се случила со политиките на антиквизација.
За време на владеењето на Никола Груевски, вели тој, национализмот добил апсурдни размери.
„Кога дојде времето на господинот Груевски, тој стана веќе апсурден со тој национализам и правецот кај што отидовме со античка Македонија. Па нешто докажувавме, па нешто објаснувавме на целиот свет. Никој не нè разбрал, само ние со таа наша вистина – и тоа јас го нареков апсурден национализам.“
Георгиевски смета дека инсистирањето на античките корени било однапред загубена битка за македонската дипломатија и позиција во светот. Тој посочува дека аргументите за такво нешто се слаби, а меѓународниот фактор воопшто не бил заинтересиран за таа тема, освен што истата ни создала проблеми.
Според него, постојат три клучни причини зошто тој наратив бил погубен:
„Ако го наметнуваш тоа прашање, ќе изгубиш десет-нула. Значи, немаш пот,“ заклучува Георгиевски, критикувајќи го периодот во кој државната политика се темелеше на докажување античко потекло.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

