27 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати критики до актуелната влада поради нејзиниот однос кон евроинтегративниот процес, посочувајќи дека политичката криза во соседна Бугарија не смее да се користи како изговор за домашната стагнација.
Според него, обврските на Македонија се јасно дефинирани од страна на Европската Унија и процесот не зависи од тоа дали Софија има стабилна влада или не.
Коментирајќи ги честите изборни циклуси во Бугарија, Георгиевски истакна дека формирањето нова влада таму може да потрае со месеци, потсетувајќи дека во минатото тој процес траел и со години. Сепак, тој е дециден дека тоа не е алиби за одолговлекување на нашите обврски.
„Гледам веќе актуелната влада си наоѓа оправдување – нема со кој да зборуваме од Бугарија. Чекај бе! Немаш ти што да зборуваш со бугарската страна, имаш разговор со Европската Унија“, нагласи Георгиевски.
Тој потсети на клучниот услов за деблокада на европскиот пат, кој е директно поврзан со преговарачката рамка.
Осврнувајќи се на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, Георгиевски се согласи со констатацијата дека од бугарска страна недостасува нагласен интерес и интензитет за реализација на заедничките проекти.
Тоа, според него, особено се гледа во делот на инфраструктурното поврзување, односно изградбата на Коридорот 8. Споредувајќи ги активностите на соседите, тој посочи дека Албанија во последните години направила многу повеќе за инфраструктурно поврзување кон овој значаен коридор отколку што тоа го направила Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

