03 март 2026
• од Гоце Кически
На 2 март, понеделник, се одржа телефонски разговор меѓу претседателот на Обединети Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, и претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Претседателката Сиљановска-Давкова изрази силна осуда за, очигледните ирански напади врз територијата на Обединетите Арапски Емирати и врз уште неколку други земји. Таа истакна дека Северна Македонија стои во целосна солидарност со Обединетите Арапски Емирати и ги поддржува сите мерки што ги преземаат за заштита на својата безбедност, стабилност и сигурноста на граѓаните.
Претседателот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан се заблагодари за поддршката и јасниот став на Северна Македонија.
Двајцата нагласија дека е потребно итно запирање на воените дејствија и враќање на дијалогот. Тие оценија дека само преку разговор и соработка може да се спречи понатамошна ескалација и да се зачува регионалната и меѓународната безбедност и стабилност.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Зеленски ја обвини Москва за „краен цинизам“ по смртоносните руски напади врз Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

