19 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, високите функционери продолжуваат со старите навики. Најновиот скандал доаѓа од Министерството за односи меѓу заедниците, каде државниот секретар Владимир Стојановиќ е фатен како го користи државниот имот за приватни прошетки.
Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на автентични фотографии од теренот, службеното возило на државниот секретар Владимир Стојановиќ денеска (недела) е забележано низ кумановските улици. Иако е неработен ден, кога сите службени возила по закон треба да бидат на институционалните паркинзи, возилото на министерството на Иван Стоилковиќ се возело за приватни потреби.
Овој чин не е само етички прекршок, туку и директно кршење на неколку правни акти:
Овој случај ја става на тест веродостојноста на најавите за „борба против корупцијата“ и „кратење на привилегиите“.
Граѓаните се веќе уморни од гледање како функционерите уживаат во луксуз на државен трошок, додека истите тие функционери проповедаат закон и ред. Овој пат, фотографиите се јасни – останува да видиме дали и санкциите ќе бидат такви.
Извор: TetovaSot
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

