19 април 2026
• од Темелко Тошев
Во рамките на денешните парламентарни избори во Република Бугарија, својот глас во амбасадата во Скопје го даде познатиот бизнисмен Влатко Нацевски. Тој на гласањето пристигна во придружба на својата ќерка, со што симболично ја истакна важноста на граѓанското учество во демократските процеси.
По остварувањето на своето право на глас, Нацевски во изјава за медиумите потенцираше дека учеството на изборите не е само формалност, туку суштинско право на секој поединец.
„Учеството на изборите е важно право и обврска за секој граѓанин, без разлика каде тој живее. Со мојот глас денеска, придонесувам за иднината на Бугарија,“ истакна Нацевски.
Иако бројот на граѓани во Македонија кои поседуваат бугарски документи е значителен, денешниот изборен ден поминува во сенка на тврдења за системски опструкции. Според информациите од теренот, постои реален потенцијал за многу поголема излезност, но истата е ограничена од психолошки и институционални бариери.
Се погласни се поплаките дека:
Гласањето за бугарските избори во Македонија се одвива на неколку локации, вклучувајќи ги амбасадата во Скопје и генералниот конзулат во Битола. И покрај тензичната атмосфера и тврдењата за притисоци, изборниот процес формално тече според предвидените протоколи, додека бугарската заедница во земјава се надева на поголема заштита на нивните граѓански права во иднина.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

