18 април 2026
• од Темелко Тошев
Економијата под раководство на Христијан Мицкоски доживува целосен крах. Додека премиерот се фали со нереални проекции за „трета економија во Европа“, реалните бројки покажуваат загрижувачки пад на инвестициите и драстично влошување на животниот стандард, алармира претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Во својата последна објава на социјалните мрежи, Филипче изнесе компаративни податоци кои ја отсликуваат економската стагнација на земјата. Според него, разликата помеѓу периодот на владеење на СДСМ и актуелната власт е фрапантна:
„Ова е дебакл! Имаме минус од преку 60% во приливот на странски капитал. Нема нови големи инвестиции, нема 'greenfield' проекти. Она што се презентира како успех се всушност само инвестиции започнати во времето на СДСМ кои сега се намалуваат“, дециден е Филипче.
Претседателот на опозициската партија смета дека главната причина за бегството на капитал е недовербата во институциите и лошите владини политики. Тој истакнува дека меѓународната бизнис заедница препознава негативни сигнали од извршната власт.
„Инвеститорите знаат дека ова е криминална и корумпирана влада. Нивната политика не ги привлекува, туку напротив – ги одбива сериозните партнери“, додава Филипче.
Наспроти триумфализмот на власта, Филипче посочува дека вистинскиот економски показател не се политичките говори, туку куповната моќ на народот.
„За животниот стандард најдобро сведочат празните фрижидери на граѓаните. Додека Мицкоски живее во паралелен свет на 'европски рекорди', народот секојдневно се бори со поскапувањата и изгубениот инвестиционен момент кој требаше да донесе нови работни места и повисоки плати.“
Од СДСМ порачуваат дека без јасна стратегија и владеење на правото, македонската економија ќе продолжи да тоне, оставајќи ги граѓаните на маргините на економскиот развој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

