19 април 2026
• од Темелко Тошев
Според најновите податоци од 65% паралелно пребројување на агенцијата „Мјара“, политичката мапа на Бугарија доживува тектонски поместувања. Новата политичка формација „Прогресивна Бугарија“ издвојува убедлива победа која и овозможува самостојно да управува со идното Народно собрание.
Со освоени високи 44,4% од гласовите, партијата на Радев проектира стабилно мнозинство од 134 пратеници. Ова е првпат по долго време една политичка сила да добие ваква моќ за формирање влада, оставајќи ги сите останати конкуренти во длабока сенка.
Трката за втората позиција е исклучително тесна. ГЕРБ-СДС освојува 11,8%, додека ПП-ДБ е веднаш зад нив со 11%. Четвртата позиција му припаѓа на ДПС со 8,4%, додека последната партија која влегува во парламентот е „Преродба“ (Възраждане) со 4,1%.
Најголемиот шок на овие избори е дебаклот на левицата. „БСП - Обединета левица“ со 3,1% во моментов останува под цензусот од 4%, што би значело историско излегување на социјалистите од парламентот.
Под прагот за влез во Собранието остануваат и:
Избирачката активност до затворањето на гласачките места во 20:00 часот изнесува 46,2%. Овие податоци сугерираат дека само пет партии успеваат да обезбедат влез во новиот парламентарен состав. Останува да видиме дали конечните резултати ќе ја потврдат оваа апсолутна доминација на „Прогресивна Бугарија“ и драматичниот пад на традиционалните партии.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

