06 јули 2026
• од Темелко Тошев
Во судницата во „Идризово“ денеска продолжи судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој згаснаа 63 животи, а над 200 лица беа повредени. Изведувањето на материјалните докази од страна на Обвинителството извади на виделина скандалозна комуникација која укажува на сериозна институционална заштита на сопствениците.
Обвинителството денеска презентираше докази добиени преку екстракција и анализа на мобилните телефони на првообвинетиот Дејан Јованов (познат како Газда Деко) и неговиот син Михајло Јованов. Низ презентираните СМС и Вибер пораки, јавноста можеше да слушне како Дејан Јованов редовно добивал дојави за можни рации, контроли за малолетници и потсетувања за истек на лиценци.
Во неговиот телефонски именик биле зачувани контакти кои јасно укажуваат на нивните функции, меѓу кои:
Преку овие контакти, Јованов комуницирал со полицајци, инспектори и вработени во Министерството за економија, кои директно го советувале како да постапува при најавените контроли.
Посебно морничава е комуникацијата помеѓу Дејан и неговиот син Михајло на самиот ден на трагедијата – 16 март 2025 година.
Михајло го известува својот татко дека во друг локал („Булевар“) има рација од полицајци од Радовиш кои „не се нивни“, предупредувајќи го дека набрзо ќе дојдат и во дискотеката „Пулс“. Синот алармира дека внатре има многу малолетници и дека објектот треба да се испразни, на што Дејан ладнокрвно враќа дека дури и да е така, локалот ќе оди во стечај.
Презентираните докази предизвикаа бурна реакција кај семејствата на жртвите. За време на паузата, нивниот претставник Александар Наунов истакна дека овие комуникации отвораат сериозни сомнежи за влијание врз контролите и прикривање на нерегуларностите.
„Овие комуникации отвораат сомнежи дали постоела институционална заштита и влијание врз контролите и постапките. Воедно, комуникациите помеѓу таткото и синот отвораат прашања за улогата на Михаил во работењето и одлучувањето. Има полициски службеници кои биле во постојана комуникација со дојава на контроли, а има и полициски службеник во пензија кој има дури 400 комуникации со сопственикот и неговиот син.“ – изјави Наунов.
Наунов потенцираше дека јавноста денеска слушнала имиња на лица кои имале бројни и сериозни контакти со сопствениците, а кои не се опфатени во обвинителниот акт на ОЈОГОК. Семејствата бараат целосно расветлување на случајот и дополнителни истраги за секој службеник за кој ќе се докаже вмешаност.
Судењето, кое го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од дури 15 јавни обвинители, продолжува со изведување на преостанатите материјални докази од Обвинителството, вклучително и градежно вештачење и произнесување на вештите лица.
Откако Обвинителството ќе заврши, на потег е одбраната која најави свои материјални докази, сведоци и две контра-вештачења.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ за време на настапот на групата ДНК претставува една од најцрните дамки и најтешките трагедии во поновата македонска историја.
Никола Цолов со двојна победа во Велика Британија ја зголеми предноста во Формула 2
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

