17 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Речиси 22 отсто од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, а 29,5 отсто од децата се изложени на ризик. Македонската платформа против сиромаштијата бара од Владата итно да донесе национална стратегија и конкретни мерки за подобрување на животниот стандард, објави Рацин.мк.
Во отворено писмо објавено по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, организацијата предупредува дека земјата од 2020 година нема стратегија за справување со проблемот. Според неа, постојните мерки не обезбедуваат доволна поддршка за најранливите. Повеќедимензионална сиромаштија, со последици врз здравјето, образованието и развојот, погодува 38 отсто од децата.
Детски и семејни додатоци добиваат само 19 отсто од домаќинствата со деца. Во градинка одат 45,5 отсто од децата на возраст од три до шест години, а кај ромските деца уделот е 17 отсто. Платформата посочува дека недостигот од услуги за грижа особено ги погодува жените, кои извршуваат најголем дел од неплатената домашна работа и грижата за децата и постарите лица.
Организацијата бара стратегијата да има јасни мерки, обезбеден буџет и механизми за следење на резултатите. Меѓу предлозите се универзален детски додаток, повеќе социјални услуги и вложувања во градинки и грижа за стари лица, како и политики за достапно домување и заштита на работничките права. Платформата бара стратегијата да се подготви транспарентно, со учество на граѓанските организации и луѓето што непосредно се соочуваат со сиромаштија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

