20 септември 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Струга изјави дека премиерот Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои треба да остварат средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Филипче побара и одговор за трошоците на македонската делегација во САД. Според информациите на СДСМ, делегацијата брои повеќе од 50 лица, поради што, како што рече, јавноста треба да знае кој ги покрива трошоците за патувањето.
Лидерот на СДСМ оцени дека американската администрација е запознаена со политиките на Владата на Мицкоски. Тој ја обвини власта дека со економските и политичките потези ги нарушува односите со стратешките партнери, меѓу кои САД и Европската Унија.
Филипче повторно го посочи и намалувањето на дел од американската воена помош за Македонија, тврдејќи дека тоа е сигнал за влошување на односите со Вашингтон. Слични обвинувања тој изнесе и претходно оваа недела.
Бугарски вселенски успех: ЕндуроСат стана компанија вредна над милијарда долари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

