01 мај 2026
• од Тодор Вангелов
Денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија, додека на државните патишта сообраќајот се одвива непречено.
Протестот започнува во 11 часот пред зградата на ССМ и ќе се движи низ централното градско подрачје кон Владата. Поради тоа, полицијата ќе воведе привремени ограничувања на улиците низ кои ќе се движат учесниците. Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници.
Надвор од градовите, сообраќајот се одвива по суви коловози, со умерен интензитет. На граничните премини нема подолги задржувања.
Од АМСМ предупредуваат на внимателно возење, особено на делници низ клисури и долини каде е можна појава на одрони, како Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Кочани – Делчево.
Во тек се и повеќе градежни работи на патиштата низ државата, каде има привремени измени на режимот на сообраќај. Девијации има на автопатите А1 и А2, како и на патот Кичево – Охрид, каде се препорачува зголемено внимание и почитување на сигнализацијата.
Дополнително, патот Охрид – Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона, а за движење низ подрачјето Јасен важат временски ограничувања во одредени периоди од денот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

