15 мај 2026
• од Темелко Тошев
Јавниот долг на државата во апсолутен износ е зголемен за огромни 2,5 милијарди евра за период од само две години, предупреди поранешниот вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи.
Во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма, Битиќи упати сериозни критики до актуелната власт, нагласувајќи дека јавниот долг не смее да се релативизира и дека е целосно погрешно во јавноста да се создава перцепција дека задолжувањето не е клучна тема за економската стабилност на земјата.
„Креирана е перцепција дека јавниот долг не е важен. Не, јавниот долг секако е важен“, порача Битиќи.
Битиќи потенцираше дека податоците за енормното задолжување не се измислица или политичка реторика на опозицијата, туку официјални бројки објавени од самата власт. Тој направи компарација со состојбата од крајот на 2023 година.
„Ова е реалноста, по нивни бројки, не по наши бројки“, дециден е пратеникот од СДСМ.
Поранешниот вицепремиер се осврна и на контроверзниот унгарски кредит, посочувајќи дека македонските граѓани сè уште немаат јасна и транспарентна слика за тоа каде и како се трошат овие средства.
Како пример за лоша и бавна реализација, тој ги посочи парите наменети за општините:
„Доколку состојбата била навистина добра, секој реализиран инфраструктурен проект би требало да биде исплатен по неговото завршување“, истакна Битиќи, поставувајќи го клучното прашање кое останува неодговорено: Каде исчезна едната милијарда евра од Унгарија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

