15 мај 2026
• од Темелко Тошев
Додека граѓаните со нетрпение ги очекуваат првите пролетни и летни плодови, цените во големите маркети изгледа веќе одамна пристигнаа во „екстра луксузната“ зона. Најновата објава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) стана вистински хит откако корисникот под псевдонимот „Недостапен“ сподели фотографија од цените на овошјето во познатиот ланец маркети „Веро“.
На фотографијата јасно се гледа дека килограм праски чини вртоглави 629 денари, додека нектарините ја пробија границата од 749 денари за килограм. Саркастичниот коментар на авторот на твитот веднаш ги „запали“ социјалните мрежи:
„Во Веро праските 629 денари… Не знам дали се овошје или нова пратка од Колумбија. 🍑💸 За таа цена очекувам барем Пабло Ескобар лично да ми ги измери на каса“, напиша тој во својата објава.
Објавата веднаш предизвика бран коментари од револтирани, но и духовити граѓани кои не пропуштија прилика да се пошегуваат на сметка на високиот животен стандард потребен за едно обично овошно пазарување.
Додека увозното овошје надвор од сезона секогаш имало повисока цена, сумата од речиси 12 евра за килограм праски е шокантна дури и за најголемите љубители на овошјето. Останува да видиме дали овие цени ќе „паднат“ со доаѓањето на домашното производство или пак праските ќе останат привилегија само за оние со „длабок џеб“.
Што мислите вие, дали би платиле 629 денари за килограм праски?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

