26 ноември 2026
• од Стефан Николов
Северна Кореја привремено ја запрела воената помош за Русија, вклучително и испораките на балистички ракети и артилериска муниција, по несогласување околу ставот на Москва кон Јужна Кореја. Сепак, според украинското разузнавање, севернокорејски војници и ракетни единици и понатаму се распоредени во Русија.
Укринформ ја пренесува информацијата повикувајќи се на украинската воена разузнавачка служба. Според неа, севернокорејската министерка за надворешни работи ја објавила паузата, а одлуката ја донел лидерот Ким Џонг Ун.
Раздорот настанал откако рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко изјавил дека Москва ќе работи на намалување на тензиите меѓу Сеул и Пјонгјанг. Севернокорејската страна побарала објаснување, оценувајќи дека таквиот став не е во согласност со договорите за соработка меѓу двете земји.
И покрај привременото запирање на испораките, воената соработка не е целосно прекината. Украинското разузнавање наведува дека севернокорејски единици и понатаму дејствуваат во руските региони Курск и Воронеж, додека поширокото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг го отежнуваат и проблеми со координацијата и логистиката.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

