26 ноември 2026
• од Елена Иванова
Британските власти контактирале околу 100.000 поранешни припадници на вооружените сили за да ја ажурираат нивната подготвеност и контактните податоци во случај на воена криза. Станува збор за прва ваква иницијатива од Студената војна, објави UNITED24 Media.
Поранешните војници, кои се дел од стратешката резерва, биле повикани доброволно да учествуваат во обуки и воени вежби, меѓу кои и вежбата на НАТО „Стедфаст дефендер“, планирана за пролетта 2027 година. Од нив било побарано да ги ажурираат податоците за вработувањето, квалификациите и вештините.
Британската влада нагласила дека писмата не значат непосредна мобилизација или враќање во активна служба. Иницијативата е претставена како подготовка за подобро планирање и зајакнување на одбранбената подготвеност.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

