09 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во значаен правен пресврт кој ветува крај на долгогодишната неправда, Основниот граѓански суд Скопје донесе пресуда со која се потврдува дека индивидуалните земјоделки во Македонија се жртви на индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација.
Иако овие жени се дел од системот на задолжително здравствено осигурување и уредно ги подмируваат своите придонеси, тие со децении беа невидливи за системот кога станува збор за основните работнички права.
Судот утврди дека земјоделките се системски запоставени во остварувањето на правата од здравствено осигурување, со акцент на две клучни точки:
Со оваа одлука, Судот ги задолжи Владата и Министерството за здравство под итно да иницираат законски измени во Законот за здравствено осигурување, со цел да се обезбеди еднаков третман за сите граѓани, без оглед на нивната дејност.
Пресудата е резултат на „actio popularis“ – тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес, поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
„Иако тие се дел од системот на задолжително здравствено осигурување и редовно плаќаат придонеси, во пракса се исклучени од користење на клучни права. Ваквите законски решенија имаат сериозни последици врз економската сигурност на жените од руралните средини“, велат од КСЗД.
Жените во руралните средини досега беа принудени да работат на нивите дури и во поодмината бременост или непосредно по раѓањето, како и при сериозни повреди, само затоа што државата не им предвидела финансиски надоместок за деновите кога не се во состојба да работат. Ова создаваше опасен циклус на ранливост и дополнителна маргинализација.
Клучни барања од пресудата:
Оваа пресуда не е само правна победа, туку и признание за тешката работа на жената-земјоделка, која конечно треба да ја добие заштитата што ја заслужува како секој друг работник во државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

