07 мај 2026
• од Стефан Николов
Пратеникот Петар Ристески во емисијата „24 анализа“ соопшти дека никој во ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ветил поништување на Преспанскиот договор, враќање на старото име, ниту пак нешто слично што граѓаните можеби го чуле, снимиле, запомниле или преживеале како изборна кампања.
„Најдете една изјава“, рече Ристески, со самодоверба на човек кој верува дека интернетот се брише со гума.
Ристески исто така порача на Богданка Кузеска дека ако најде една таква изјава, тој ќе се извини.
Од ВМРО-ДПМНЕ засега не соопштија дали старото име е официјално исчезнато, привремено заборавено или ставено во фиока со натпис „ќе видиме по избори“.
Кузеска: Европа не сака да прими организирана криминална група во својот систем
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

