05 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) најави дека на 14 март повторно ќе организира протест со барање за повисоки плати. Од синдикатот истакнуваат дека нема да се откажат од своето барање минималната плата да изнесува 600 евра, како и зголемување на останатите плати за 100 евра.
Претставниците на ССМ посочуваат дека минималните плати во јавниот сектор се повисоки отколку во приватниот, поради што на протестот одржан на 28 јануари имало големо учество на работници токму од јавниот сектор. Според нив, се очекува сличен одѕив и на претстојниот протест.
„Минималните плати се повисоки во јавниот отколку во приватниот сектор, затоа на протестот на 28 јануари имаше многу работници од јавниот сектор, и така ќе биде и овојпат“, изјави Трпе Деаноски од синдикатот.
Реакцијата на синдикатите следува откако на седницата на Економско-социјален совет на Северна Македонија во понеделникот било соопштено дека минималната плата ќе се зголеми за околу 1.600 денари, согласно редовното усогласување во март.
По оваа одлука, претставниците на ССМ ја напуштиле седницата и најавиле дека своите барања ќе продолжат да ги изнесуваат преку протести и други синдикални активности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

