04 март 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ обвини дека ставовите на владејачката ДПМНЕ за членството на земјата во НАТО претставуваат навреда за државата и нејзините граѓани.
Во партиско соопштение СДСМ нагласува дека токму нивните политики овозможиле Северна Македонија да стане членка на НАТО преку „една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата“, која траела помалку од две години.
Според опозициската партија, членството во Алијансата обезбедило трајна безбедност и сигурност за државата и нејзините граѓани, особено во услови на актуелни безбедносни ризици во Европа и пошироко.
„Зад безбедноста и сигурноста на граѓаните на Северна Македонија стои најмоќниот сојуз – НАТО“, наведуваат од СДСМ.
Реакцијата на СДСМ доаѓа по ставови од ВМРО-ДПМНЕ во кои членството на земјата во НАТО било оценето како „предавничка политика“ и „распродажба на државните интереси“.
Од СДСМ тврдат дека со ваквите изјави владејачката партија ја понижува државата и ги навредува граѓаните.
Партијата исто така отвора прашање за, како што наведува, врските на првиот вицепремиер со Русија, прашувајќи дали ваквите позиции се намерна провокација во контекст на регионалните односи.
„Така изгледа ‘патриотизмот’ на ДПМНЕ на дело“, стои во соопштението.
СДСМ се осврнува и на посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при што тврди дека дел од политичките реакции во земјата ја покажале вистинската политичка позиција на власта.
Партијата ја критикува и Левица, наведувајќи дека партијата го пречекала генералниот секретар со транспарент против НАТО во Собранието.
Во соопштението се наведува и дека Руте испратил јасни пораки до владата на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека финансиските средства од Кина, кои според СДСМ се земаат преку кредити поврзани со унгарскиот премиер Виктор Орбан, не се добредојдени.
„Сега граѓаните имаат кристална слика“, порачуваат од СДСМ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

