04 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска беше во посета на Собранието на Република Северна Македонија, каде што се обрати пред пратениците. Неговата посета беше одбележана и со протестна порака од дел од пратениците.
Пратеници од политичката партија Левица го пречекаа Руте со транспарент со анти-НАТО порака. Додека генералниот секретар им се обраќаше на пратениците, тие развија парола на која пишуваше: „НАТО убива за профит!“
Транспарентот беше накратко изложен во салата додека траеше обраќањето. Со овој чин пратениците од Левица изразија критички став кон улогата и политиките на НАТО.
Посетата на Руте на Собранието е дел од неговата официјална агенда во Северна Македонија, земја која е членка на НАТО од 2020 година. За време на посетата се очекуваа разговори со државниот врв и со пратениците за безбедносните прашања и соработката во рамките на Алијансата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

