04 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Американска подморница потопи ирански воен брод во Индискиот Океан, соопшти министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на брифинг во Пентагон.
Според него, подморницата испукала торпедо кон иранскиот брод „ИРИС Дена“, кој се наоѓал во меѓународни води близу до Шри Ланка.
„Иранскиот брод мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Но беше погоден од американско торпедо и потона“, изјави Хегсет.
Тој додаде дека ова е првпат од Втората светска војна еден непријателски брод да биде потопен со торпедо во ваков конфликт.
„ИРИС Дена“ е еден од поновите бродови на иранската морнарица. Бродот бил вооружен со топови, ракети и торпеда. На него имало и хеликоптер.
Според американски власти, бродот бил под санкции од 2023 година. Причината била поврзаност со иранската воена индустрија која произведува дронови.
Откако бродот почнал да тоне, морнарицата на Шри Ланка започнала спасувачка акција во морето. Во операцијата биле испратени бродови и авиони.
Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, изјави дека на бродот имало околу 180 луѓе.
Портпаролот на морнарицата, Будика Сампат, рече дека спасувачките тимови пронашле луѓе кои пловеле во морето и ги извлекле.
Преживеаните биле пренесени во болница во градот Гале на југот на островот.
Властите соопштија дека бродот потонал надвор од територијалните води на Шри Ланка. Потрагата по преживеани и понатаму продолжува.
Американските власти велат дека оваа операција е дел од поширок конфликт со Иран на море.
Според САД, од почетокот на војната досега се потопени најмалку 17 ирански бродови. Американската страна вели дека ваквите акции имаат цел да ја намалат воената моќ на Иран на море.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

