03 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во Бугарија, Трети март се одбележува како Национален празник – Денот на ослободувањето. По тој повод, претседателката на Народното собрание, Раја Назарјан, упати порака до граѓаните, нагласувајќи го значењето на слободата како највисока национална вредност.
„За нас, Бугарите, Трети март е денот на слободата. Слободата што треба да ја цениме во секој миг, затоа што е извојувана со саможртвата на илјадници наши и странски херои, кои ги дадоа своите животи за да ја има денес нашата Бугарија“, изјави Назарјан по повод празникот.
Таа повика граѓаните да бидат достојни наследници на хероите кои се бореле за независноста и да ги следат нивните идеали. Според неа, зачувувањето на мирот претставува заедничка обврска на сите генерации.
„Да бидеме нивни достојни наследници, да ги следиме нивните идеали и да го чуваме мирот за кој тие копнееја“, нагласи таа.
Во својата порака, претседателката на парламентот истакна дека мирот не е нешто што се подразбира, туку резултат на постојани напори и одговорност.
„Да помниме дека овој мир не се постигнува дарум, тој е резултат на нашите заеднички напори и треба да се брани секој ден. Поклон пред светлата памет на хероите! Да живее Бугарија!“
Со свечености и оддавање почит на паднатите борци, Бугарија традиционално го одбележува овој историски датум, потсетувајќи се на жртвите и идеалите што ја обликувале современата држава.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

