04 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство во Скопје соопшти дека, по негов предлог, судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје му одредил краткотраен притвор од 48 часа на Стојанче Јовановски, чија сопруга Ивана Јовановска заедно со нивната шестгодишна ќерка скокнаа од зграда во населбата Тафталиџе, пишува весникот „Коха“.
Од Обвинителството информираат дека против осомничениот постојат сомнежи за сторени кривични дела „телесна повреда“ според член 130 став 2 во врска со став 1, „загрозување на сигурноста“ според член 144 став 3 во врска со ставовите 2 и 1, како и „поттикнување на самоубиство и помагање при самоубиство“ според член 128 став 4 од Кривичниот законик.
„Мерката притвор е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија за обезбедување докази во врска со сомневањата“, соопштија од Обвинителството.
Според бројни сведоштва и информации кои денеска ги потврдија институциите, Јовановски со години ја изложувал својата сопруга и ќерка на физичко и психолошко насилство, кое ниту полицијата ниту социјалните служби не успеале да го спречат.
Ивана дури и вчера, само два часа пред трагедијата, го пријавила сопругот во полиција за напад на булеварот „Гоце Делчев“, во близина на судскиот комплекс, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Полицајците разговарале со жената, но таа им изјавила дека немало конфликт и потпишала изјава дека ја повлекува пријавата, информираат од МВР.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

