30 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека јавноста со недели се прашуваше каде исчезна вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, вистината почна етапно да излегува на површина, откривајќи сериозни прашалници за неговиот ангажман во извршната власт.
Информацијата дека Фетаи повеќе од еден месец не се појавува на работа ниту на владини седници, прв ја обелодени министерот за здравство, Азир Алиу. Во гостување за „360 степени“, Алиу потврди дека неговиот колега е отсутен подолг период и дека нема информации за причините за ваквото повлекување.
Владата првично ја чуваше оваа вест во тајност, сè додека молкот не го прекина премиерот Христијан Мицкоски. Тој во интервју појасни дека бил запознаен со одлуката на Фетаи да се повлече.
„Разговаравме и ми рече дека тој веќе не се гледа себеси во владиниот состав кој јас го предводам“, изјави премиерот Мицкоски.
Иако Фетаи ја напушта вицепремиерската фотелја, премиерот најави дека неговите капацитети може да бидат искористени на друга дестинација. Имајќи го предвид неговото претходно искуство и живот во Белгија, се разгледува опцијата тој да стане специјален претставник на Македонија во Брисел.
„Се договоривме да размислиме и да дефинираме за неговиот ангажман во Белгија“, додаде Мицкоски, потврдувајќи дека Фетаи веќе се наоѓа во државата каде што живеел пред да влезе во македонската политика.
Сепак, пресвртот се случи вечерва кога самиот Фетаи за прв пат се огласи преку социјалните мрежи. Наместо од работни состаноци во Брисел или од неговиот дом во Белгија, тој сподели фотографии од Тајланд, каде што очигледно се наоѓа на туристичко патување.
Оваа „егзотична завршница“ на неговиот краток мандат во Скопје покренува дилеми дали неговата политичка кариера во земјава беше само неуспешна авантура. Останува да видиме дали најавите на премиерот за специјален претставник во седиштето на ЕУ ќе се реализираат, или пак Фетаи дефинитивно става крај на државните функции.
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

