TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
ДРУГО

Денеска 28 февруари 2026 година се празнува Тодорова сабота

28 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Денеска се празнува Тодорова сабота – првата сабота од Великиот пост, посветена на преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон.

Овој празник нè враќа во времето на царот Јулијан Отстапник, кој по смртта на Констанциј, синот на светиот цар Константин, отпаднал од христијанската вера и повторно го вовел идолопоклонството. Иако се откажал од јавно и свирепо гонење на христијаните, смислил подмолен начин да ги оскверни.

Во првата седмица од Великиот пост, царот му наредил на градскиот управник да ја тргне чистата храна од пазарите и да ја замени со лебови и пијалаци осквернети со крв од идолски жртви. Намерата била оние што постат, купувајќи од пазарот, несвесно да се осквернат.

Но, по Божја промисла, оваа завера му била откриена на свети Теодор Тирон. Тој му се јавил на архиерејот Евдоксиј и го предупредил да го извести народот да не купува ништо од пазарите. Кога архиерејот прашал што ќе јадат сиромашните, свети Теодор одговорил: „Нека јадат коливо“ – варена пченица.

Верниот народ го послушал советот и така бил запазен од осквернување. Кога царот видел дека неговата намера пропаднала, наредил повторно да се продава вообичаената храна. Во благодарност за избавувањето, христијаните ја определиле оваа сабота да се слави во чест на свети Теодор, а коливото останало како симбол на Божјата заштита и победата на чистотата над лукавството.


Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски

На овој ден Црквата го спомнува и светиот свештеномаченик Поликарп Смирненски, епископ Смирненски.

Тој се родил како незнабожец, но во христијанската вера го вовел и го крстил светиот апостол Јован Богослов. Рано останал без родители, а го посвоила благородна вдовица по име Калиста, која го воспитала во побожност и милосрдие.

Поликарп бил ученик на апостолите и ревносен следбеник на Христовото учење. Бил ракоположен за презвитер од епископот Вукол, а по неговата смрт бил избран и хиротонисан за епископ на Смирна. Уште од почетокот имал дар на чудотворство: исцелувал болни, изгонуваал демони, со молитва запирал пожар и измолувал дожд во сушни времиња.

Пострадал во времето на царот Марко Аврелиј, во 167 година, на Велика сабота. Три дена пред смртта прорекол дека ќе биде фрлен во оган заради Христа. Кога бил изведен на суд и повикан да се одрече од верата, одговорил: „Не можам да менувам подобро за полошо!“

Иако бил положен на клада, пламенот не го допрел. Потоа бил прободен со копје, а по смртта неговото тело било запалено. Со своето мачеништво останал пример за непоколеблива вера, трпение и љубов кон Бога.


Преподобен Дамјан Есфигменски

Се спомнува и преподобниот Дамјан Есфигменски, монах од манастирот Есфигмен на Света Гора.

Бил современик и другар на свети Козма Зографски. Се подвизувал во строг монашки живот на гората Самарија, меѓу манастирите Есфигмен и Хилендар. Се упокоил мирно во 1280 година. Според преданието, од неговиот гроб четириесет дена се ширело прекрасно благоухание – знак на неговата светост.


Тропар на свети Поликарп

Велик учителу на Црквата Христова, епископе Божји со благодат преисполнет, поучуван од апостолите, дар за пророкување ти беше подарен, Поликарпе, храбар Господов подвижнику, со мноштво венци овенчан, огнот светоста твоја не ја допре, моли се, свети мачениче, да поднесуваме сè со смирение и трпеливо да ги спасуваме нашите души.


Тодорова сабота нè потсетува на силата на верата, на Божјата промисла и на победата на духовната чистота над секоја подмолност. Преку примерот на светите маченици, верниците се повикуваат на трпение, смирение и непоколеблива верност кон Христа.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
28 февруари 2026

Синот на последниот ирански шах Реза Пахлави прогласи „крај на Исламската Република“ по смртта на ајатолахот

СВЕТ
28 февруари 2026

Трамп објави дека „Хамнеи е мртов“

СВЕТ
28 февруари 2026

САД: Понудивме на Иран бесплатно нуклеарно гориво, но тие одбија

СВЕТ
28 февруари 2026

Нетанјаху и Трамп виделе фотографија од телото на Али Хамнеи по израелски воздушен удар врз Техеран

СВЕТ
28 февруари 2026

Централната команда на САД ја потврди операцијата „Епски Бес“ по првите удари

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Муцунски со израелскиот министер: Поддршка за напорите кон Иран и повик за стабилност

СВЕТ
28 февруари 2026

Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Трајковски: Дали УДБА може да предизвика нова политичка бура?

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Андонов од „Почетна Пресметка“: Народот да одлучи за внесувањето на Бугарите во Уставот

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Со 3,08 промили зад волан: 64-годишник приведен на патот Куманово–Речица

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Фрчкоски: Партнерите на Мицкоски добиваат директен линк во Развојната банка

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Кожески: Расте бројот на странски работници, сивата економија останува сериозен проблем

СВЕТ
28 февруари 2026

Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила

СВЕТ
28 февруари 2026

Стармер ги осуди иранските напади врз соседните земји и повика на преговарачко решение

СВЕТ
28 февруари 2026

Претседателот на Украина: Иран и Русија како терористички режими мора да бидат поразени, без исклучок

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
28 февруари 2026

Бугарија: Воениот нуклеарен потенцијал на Иран е неприфатлив

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Муцунски: Стоиме со САД во соочувањето со заканите на Блискиот Исток

СВЕТ
28 февруари 2026

Хрватска официјално без мини три децении по српската агресија

СВЕТ
28 февруари 2026

Рама: Исламската револуционерна гарда е терористичка организација и мора да се третира како таква

СВЕТ
28 февруари 2026

Косово со силна поддршка за САД по воената акција против иранскиот режим

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Адвокатите на Бектеши и Максути бараат повлекување на обвинението за случајот „Пулс“

МАКЕДОНИЈА
28 февруари 2026

Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена

СВЕТ
28 февруари 2026

Формиран Кризен штаб во Софија поради тензиите на Блискиот Исток

СВЕТ
28 февруари 2026

Водич низ сложениот политички систем на Иран: режим изграден за опстанок

СВЕТ
28 февруари 2026

Трамп: Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
28 февруари 2026

Греам до Трамп: Бог да те благослови за операцијата ‘Epic Fury’

СВЕТ
28 февруари 2026

Ескалација на Блискиот Исток: САД започнаа воена операција против Иран, ракетни напади врз Израел

СВЕТ
28 февруари 2026

Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега