01 март 2026
• од Тодор Вангелов
На првата недела од Великиот пост, Светата Православна Црква го празнува Торжеството на Православието – спомен и духовна потврда на победата на вистинската вера и исполнувањето на епохата на седумте Вселенски собори. Овој ден претставува триумф на православното исповедање над сите ереси, особено над иконоборството, кое со децении ја потресувало Црквата.
Централно место во богословската содржина на празникот зазема догматот за светите икони, возгласен на Седмиот Вселенски собор во 787 година. Соборот потврдил дека почитувањето на иконите не претставува идолопоклонство, туку исповедање на тајната на Воплотувањето. Зашто Бог, станувајќи човек во лицето на Исус Христос, станал изобразлив. Невидливиот и недостижен Господ примил човечки лик, и со тоа човечкиот лик станал носител на божествената благодат.
Иконата не е обичен портрет ниту историска реконструкција. Таа е богословие во линии и бои, израз на внатрешниот, таинствен образ Божји кој се препознава, живее и познава во Црквата. Таа сведочи дека материјата може да стане носител на благодатта, затоа што самиот Бог ја осветил материјата со Своето Воплотување.
Во храмовите ширум православниот свет, на овој ден се чита Синодикот на Православието – свечено исповедање на вистинската вера и анатемисување на заблудите што ја нарушувале полнотата на црковното предание. Верните со свеќи и икони во рацете учествуваат во литиски поворки, сведочејќи дека Православието не е само историски факт, туку живо искуство на спасението.
Бог има лик, и тој лик ни е откриен во Христос. Пред иконата, која го изразува црковниот опит и богопознание, верниот човек ги преклонува колената со љубов, благоговение и духовна нежност. Честа што ѝ се укажува на иконата, според учењето на Отците, се вознесува кон Прволикот.
Торжеството на Православието затоа не е само спомен на мината победа, туку постојан повик кон верност, чистота на верата и живо учество во тајната на Воплотениот Бог. Во време на духовни предизвици и релативизирање на вистината, празникот нè потсетува дека Христос останува „ист вчера, и денес, и во веки“, а Неговата Црква продолжува да го чува и сведочи неизменливото Предание.
Нека овој свет ден биде поттик за продлабочување на постот, за внатрешно очистување и за обновено исповедање на верата што еднаш засекогаш им е предадена на светите.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

