Сончев пролетен ден на 19 април: Топло време со повремени облаци и ветровити моменти
Денес, 19 април, не очекува сончево и топло време проследено со мала до умерена локална облачност. Идеален ден за прошетка, кафе на тераса или кратко бегство во природа.
Сепак, љубителите на планинарење низ источните планински предели треба да внимаваат – таму постојат услови за слаб дожд, па не заборавајте лесна јакна или кабаница, за секој случај.
Ветерот денес ќе игра важна улога – ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието. Тоа значи дека граѓаните од Велес, Штип и Гевгелија може да очекуваат кратки налети на ветер кои ќе донесат освежување во топлиот ден.
Во Скопје времето ќе биде слично – сончево и топло со појава на мала до умерена облачност. Скопјани ќе го почувствуваат северниот ветер, кој во делови од котлината ќе се засилува повремено, особено во попладневните часови.