12 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
На 15 мај, аеродромот Егилстадир во источниот дел на Исланд забележа рекордно висока температура од 26,6°C, што ја надмина досегашната највисока мајска температура некогаш измерена во земјата. Истовремено, повеќе региони низ Исланд пријавија температури за над 10°C повисоки од просечните за мај, според податоците на Исландската метеоролошка служба. Неколку дена подоцна, на 19 мај, станицата Итоqqоортоормиит на источниот брег на Гренланд регистрираше температура од 14,3°C, што е повеќе од 13°C над просечната дневна мајска максимална температура од 0,8°C, според Данскиот метеоролошки институт.
Овие екстремно високи температури беа предизвикани од стабилно струење на топол воздух од југ, како резултат на високопритисочен систем близу Фарските Острови и нископритисочен систем јужно од Кејп Феруел. Овој временски образец траеше околу девет дена и предизвика невообичаено топло време во регионот. Иако слични атмосферски поставки се случувале и порано, овој топлотен бран се издвојува поради својата рана појава и долготрајност.
Додека до сега се пријавени малку директни последици, научните истражувања укажуваат дека невообичаено високи температури рано во годината можат да имаат значајни влијанија врз локалните екосистеми. Овие екосистеми, адаптирани на многу студени климатски услови, се особено чувствителни на температурни поместувања, а нарушувањата на нивната рамнотежа може да имаат последици не само за природата, туку и за заедниците што зависат од неа.
Топлината директно ги погодува и луѓето. Во Исланд, каде инфраструктурата е подобро развиена, се јавија проблеми со "крварење" на битуменот на патиштата, создавајќи опасни услови за возење. Во Гренланд, каде инфраструктурата е послаба, особено во руралните и оддалечени области, справувањето со топлото време е многу потешко. Во 2022 година, екстремна топлина и обилни дождови доведоа до топење на пермафростот, при што железо и други метали завршија во арктичките езера, покренувајќи сериозни прашања за квалитетот на водата. Дополнително, недостатокот на развиен санитарен систем во руралните делови на Гренланд, каде што околу 90% од домаќинствата користат торбести тоалети кои се исфрлаат во природа, го зголемува ризикот од ширење болести, особено при повисоки температури.
Меѓународен тим од истражувачи од Исланд, Холандија, Шведска, Данска, САД и Велика Британија анализираше до кој степен климатските промени предизвикани од човекот го зголемиле интензитетот и веројатноста на овој екстремен топлотен бран. Анализата се фокусираше на седумте најтопли денови во мај во Исланд и на најекстремниот мајски ден во станиците Егилстадир, Итоqqоортоормиит и Рејкјавик.
Истражувањето покажа дека топлотниот бран го направиле околностите поврзани со климатските промени за околу 3°C потопол и околу 40 пати поверојатен. Иако моделите на климата имаат тенденција да го потценат растот на температурите, овој случај покажува дека дури и во арктички предели, последиците од климатските промени стануваат сè поочигледни. Во сегашната клима, која е околу 1,3°C потопла од прединдустриската, вакви екстремни настани имаат веројатност од еднаш на 100 години. Ако температурите продолжат да растат и достигнат глобално зголемување од 2,6°C, се очекува ваквите екстреми да станат најмалку двапати почести и уште потопли за дополнителни 2°C.
Рекордната температура од 26,6°C во Егилстадир, Источен Исланд, според проценките има период на враќање од околу 110 години во сегашната клима. Трендовите кај оваа станица, како и кај Рејкјавик, покажуваат малку пониски вредности од просечната седумдневна мајска температура во цела Исланд. Во Гренланд, пак, станицата Итоqqоортоормиит покажува сличен тренд со исландските седумдневни вредности, со зголемување од околу 3,9°C во споредба со прединдустрискиот период.
Исланд веќе работи на формализирање на планови за адаптација кон климатските промени, фокусирајќи се на подобрување на инфраструктурата и општествените системи. Во Гренланд, каде последиците се почувствителни и адаптацијата е во рана фаза, топлината сè повеќе се препознава како закана по јавното здравје. Овие настани уште еднаш го потврдуваат зголеменото влијание на климатските промени во Арктикот и потребата од итни мерки на национално и глобално ниво.