06 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, изјави дека позицијата на земјата во однос на напредокот на Република Северна Македонија кон членство во Европската унија останува непроменета и јасна, но оти прашањето нема да се третира како билатерален спор.
„Ќе се придржуваме до таа позиција, без да го претвораме прашањето во билатерално“, рече Желјазков за време на денешната сесија на парламентарниот блиц-контрол. Тој се повика на едногласната декларација на бугарското Народно собрание, како и ставот на бугарските европратеници, кои според него, јасно ја изразуваат позицијата на Софија.
Премиерот нагласи дека меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не постои отворено билатерално прашање. „Сите прашања се регулирани со Договорот за добрососедство од 2017 година, а преговарачката рамка за членството на Северна Македонија во ЕУ се заснова на т.н. француски компромис, договорен за време на француското претседателство“, изјави Желјазков.
Според него, условите што Северна Македонија треба да ги исполни се јасно дефинирани и нивното исполнување се следи во рамките на преговарачкиот процес, кој не е билатерален по својата природа.
Овие коментари доаѓаат откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент одлучи да го одложи гласањето по нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија, по предлог на известувачот Томас Вајц. Се очекува извештајот да биде разгледан на 24 јуни во комисијата, а потоа да биде ставен на гласање во јулската пленарна сесија во Стразбур.
Желјазков истакна дека одложувањето не е преседан и дека бугарските реакции и позиции за содржината на извештајот се јасни. „Целата одговорност за формулациите во извештајот ја имаат членовите на Европскиот парламент“, рече тој.
На прашање на Костадин Костадинов, лидерот на партијата „Преродба“, кој изрази сомнеж во објективноста на извештајот и го оцени постигнатото како „привремен успех“, премиерот одговори дека дипломатскиот пристап не исклучува јасна и стабилна позиција.
Костадинов го критикуваше премиерот за, според него, недоволно остар и решителен настап, и побара поголема категоричност од страна на Владата во однос на македонското прашање.