28 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „исклучително важно“ Киев да одржува пријателски врски со соседна Полска, каде што новоизбраниот националистички лидер Карол Навроцки се противи на членството на Украина во НАТО, пренесува АФП.
Навроцки овој месец победи на претседателските избори во Полска по кампања во која ја критикуваше Украина и самиот Зеленски.
Полска досега беше еден од најблиските сојузници на Украина и претставуваше клучен логистички центар за западната воена помош, која му помага на Киев во борбата против руската агресија.
Зеленски во саботата го прими досегашниот полски претседател Анджеј Дуда во Киев, пред примопредавањето на функцијата на Навроцки закажано за 6 август.
„Полска сега се подготвува за инаугурацијата на новиот претседател Карол Навроцки“, рече Зеленски на заедничка прес-конференција со Дуда. „Ќе сториме сè што можеме за да гарантираме дека односите меѓу нашите земји само ќе се зајакнуваат.“
Тој додаде дека е „исклучително важно“ да се зачува меѓусебната поддршка и разбирање меѓу двата народа.
Полска прифати повеќе од еден милион украинци од почетокот на војната во 2022 година.
Сепак, антиизбеженските чувства се засилија во последните години, особено за време на изборната кампања. Во мај Навроцки изјави дека Украина „не покажала благодарност за тоа што Полјаците го направија“ и го обвини Зеленски за „дрскост“.
Иако вети дека ќе ја поддржи одбраната на Украина, Навроцки критикуваше некои од мерките за поддршка на украинските бегалци.
Дуда, пак, изрази увереност дека Навроцки ќе успее да „гради можеби најдобри соседски односи“ во интерес на иднината на двете земји.
„Од претседателската функција светот изгледа малку поинаку отколку од позицијата на кандидат во кампања“, изјави Дуда кога беше прашан за идните односи меѓу Навроцки и Украина.