СВЕТ

Во пет години: Над 3.000 Бугари станале сопственици на имот во Грција

30 мај 2025

• од Вардарски

Во последните пет години, бројот на Бугари кои поседуваат недвижен имот во Грција се зголемил повеќе од четири пати. Според податоци на бугарската Национална агенција за приходи (НАП), кои ги пренесува весникот „Труд“, до крајот на 2024 година дури 3.228 лица пријавиле дека поседуваат имот во Грција, наспроти само 742 во 2019 година.

Грција останува најпосакуваната дестинација за купување имот во странство кај Бугарите. Според податоците, интересот нагло се зголемил во 2022 година, кога над 1.000 лица купиле недвижности таму. Во следните години интересот останал висок, иако со нешто помал број нови купувачи.

На второ место по популарност кај Бугарите е Шпанија. Таму, бројот на имоти поседувани од Бугари пораснал над шест пати во периодот од 2019 до 2024 година – од само 41 имот до 246. Само во 2023 година, 38 Бугари станале сопственици на недвижности во Шпанија.

На третото место меѓу најпосакуваните дестинации за купување имот од страна на Бугари е Германија, каде што 149 лица поседуваат недвижен имот.

Следуваат Австрија, Италија и Обединетото Кралство со речиси еднаков број имоти – 110, 108 и 107. Кај Италија и Велика Британија се забележува поголем раст токму во изминатата година.

Важно е да се напомене дека овие податоци се однесуваат на граѓани кои поднесуваат даночна пријава во Бугарија – лица кои имаат постојан престој или живеат повеќе од 183 дена годишно во земјата, односно оние чиј „центар на животни интереси“ е во Бугарија. Тоа значи дека емигрираните Бугари не се вклучени во статистиката, освен ако не се вратиле и повторно се регистрирале како резиденти.

Од НАП додаваат дека едно лице може да поседува повеќе имоти во една или неколку држави, како и дека еден имот може да има повеќе сопственици.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени