26 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
САД располагаат со докази дека Иран се обидува да ја обнови својата нуклеарна програма по ударите што Белата куќа ги изврши врз ирански нуклеарни објекти во јуни. Ова го изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венес, пренесува „Ројтерс“.
„Принципот е многу едноставен: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје“, нагласи Венес во изјава пред новинарите, еден ден пред најавените преговори во Женева меѓу делегациите на САД и Иран.
Тој предупреди дека секој обид на Техеран повторно да развие нуклеарно оружје би претставувал сериозен проблем за Вашингтон. „Доколку се обидат да го обноват своето нуклеарно оружје, тоа ќе ни создаде проблеми. Всушност, имаме докази дека се обиделе да го направат токму тоа“, изјави потпретседателот.
Венес истакна дека специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – ќе присуствуваат на разговорите со иранската страна, закажани за четврток во Женева.
Според Венес, претседателот Трамп сака прашањето за иранската нуклеарна програма да се реши по дипломатски пат, но нагласи дека „претседателот има и други опции“ доколку дипломатијата не донесе резултати.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

