06 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев беше одбележана во услови на зголемени тензии и без заеднички настани меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Претставници на Фондација „Македонија“ се поклонија пред споменот на револуционерот во Скопје, патувајќи преку Србија со цел да избегнат можни провокации на бугарско-македонската граница. По овој повод, во студиото на Euronews Bulgaria гостуваа Виктор Стојанов и Малинка Влкова.
Според Стојанов, официјално Скопје води намерна политика за спречување на заедничкото чествување на личности од споделената историја, што е во спротивност со Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година. Тој посочи дека бугарски граѓани често не биле пуштани да се поклонат на гробот на Делчев, а тензии настанале и при обид за фотографирање со бугарско знаме — чин кој, според него, „не претставува законско прекршување“.
Од Фондацијата упатија критики и до бугарските институции поради слабoто официјално одбележување на годишнината во Бугарија, вклучително и отсуството на национално чествување во Софија и ограниченото учество на ученици. „Ако ние самите не ги почитуваме овие личности, нема кој да го направи тоа наместо нас“, истакна Влкова, повикувајќи ја државата на поголема активност и доследност.
Стојанов и Влкова оценија дека во Северна Македонија продолжува системска политика на претставување на Гоце Делчев како „македонски револуционер“ во македонистичка смисла. Тие додадоа дека отсуството на напредок во мешовитата историска комисија, како и одбивањето Бугарите да бидат вклучени во уставот на земјата, дополнително го продлабочуваат проблемот, изразувајќи загриженост дека ваквата линија ќе продолжи и во иднина.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

