Урсула фон дер Лајен: Европа секогаш ќе биде покрај Украина на патот кон мирот
Европа секогаш ќе биде покрај Украина во нејзините напори за постигнување на мир. На Украина може да ѝ се смета на нашата поддршка за време на преговарачките процеси за праведен и траен мир, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на платформата X по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Таа нагласи дека на состанокот разговарале и за чекорите кои Украина ги презема за да обезбеди место во европското семејство.
Средбата се одржа во рамки на посетата на Зеленски на Рим, каде што тој имаше серија состаноци со светски лидери по присуството на погребот на папата Франциск.
Покрај Урсула фон дер Лајен, со Зеленски се сретнаа и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Киир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Сите тие ја потврдија својата поддршка за Украина и заеднички ја повикаа Русија да преземе конкретни чекори кон воспоставување на мир.