СВЕТ

Трамп: Санкциите против Иран остануваат поради ајатолахот Хамнеи

28 јуни 2025

• од Вардарски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислувал за можноста да ги олесни санкциите кон Иран, но поради изјавите на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, таа опција повеќе не е на маса.

„Во изминатите неколку дена работев на тоа да ги укинеме санкциите и други мерки кои би ѝ овозможиле на Иран многу подобри шанси за целосно и брзо закрепнување. Но наместо тоа, добив изјава исполнета со гнев, омраза и одвратност, па веднаш ја прекинав целата работа околу олеснување на санкциите“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Тој додаде дека го спасил Хамнеи од „многу грозна смрт“ и го обвини врховниот лидер на Иран дека лажел оти победил во конфликтот со Израел.

Претседателот на САД нагласи и дека Техеран „треба да сфати дека со МЕД често се постигнува повеќе отколку со ОЦЕТ“, алудирајќи на дипломатскиот пристап наспроти конфронтацијата.

Трамп исто така предупреди дека би можел повторно да ја разгледа можноста за бомбардирање на Иран доколку земјата се обиде да ја обнови својата нуклеарна програма.

На прес-конференција во Белата куќа тој изјави: „Секако, би размислил повторно да ја бомбардирам земјата“, нарекувајќи ги последните воени акции „неверојатни“ и пофалувајќи ја нивната сила и ефект.

Сепак, Трамп посочи дека во моментов Иран не е во состојба да преземе никакви дејства, бидејќи, како што наведе, американските бомбардери B-2 и ракетите „Томахок“ ја уништиле нуклеарната програма на ајатоласите.

„Тие се исцрпени“, рече претседателот на САД.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени