17 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно ја напушти средбата на врвот на Г-7 што се одржуваше во Канада и се врати во Вашингтон поради влошената ситуација на Блискиот Исток, особено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран. Според американските медиуми, одлуката е донесена поради потребата да се свика итна седница на Советот за национална безбедност.
Прес-секретарката на Белата куќа, Керолајн Ливит, преку социјалната мрежа X соопшти дека Трамп ќе ја напушти Канада веднаш по вечерата со лидерите од Г-7. Истовремено, Трамп преку својата мрежа TruthSocial повика на „итна евакуација на жителите на Техеран“, без да прецизира повеќе детали.
„Поради настаните на Блискиот Исток, претседателот Трамп ќе ја напушти Канада уште денес по вечерата со лидерите на Г-7, за да се посвети на повеќе важни прашања“, соопшти Ливит.
Иако францускиот претседател Емануел Макрон претпостави дека враќањето на Трамп може да биде поврзано со можни мировни преговори меѓу Израел и Иран, Трамп тоа остро го отфрли. „Погрешно! Тој нема поим зошто се враќам во Вашингтон, а дефинитивно не е поради примирје“, напиша американскиот претседател.
Трамп не наведе конкретни причини за ненадејното заминување, но изјави дека се работи за „нешто многу поголемо“ од можно примирје.
Американските телевизии Fox News и CNN јавуваат дека во Белата куќа се подготвува итна седница на Советот за национална безбедност, која можеби ќе се одржи и пред самиот пристигне Трамп, благодарение на технолошките можности за далечинско учество од претседателскиот авион Air Force One.
Во исто време, порталот Axios информира дека Белата куќа разгледува можност за обновување на директните контакти со Иран во врска со нуклеарниот договор, иако засега нема официјална потврда за таква иницијатива.
Според BBC, вечерата на лидерите од Г-7 во Кананаскис била замислена како неформална можност за дијалог, но растечкото напрежување во Блискиот Исток целосно го променило дневниот ред.
Со предвременото заминување на Трамп, пропадна и планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој имаше намера да побара набавка на неодредени оружени системи од САД.
Физички напад во Скопје: Ќерка ја нападнала мајка си и ја оштетила покуќнината
Во Бугарија: Симитли ќе стане тест-полигон за оклопни возила од домашно производство
Г7 ја поддржа Израел и го прогласи Иран за дестабилизирачки фактор на Блискиот Исток
Румен Радев: Бугарија никогаш не ставила вето на патот на С. Македонија кон ЕУ