09 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави многу брзо, во рок од две недели, ќе прогласат „целосна победа“ над Иран. Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако Иран и Израел постигнаа договор за прекин на најсериозната ескалација на насилството меѓу двете земји од стапувањето на примирјето во сила во април, пренесува Al Jazeera.
За време на виртуелниот митинг во знак на поддршка за сенаторот Линдзи Греам, еден од неговите најблиски сојузници од Републиканската партија, Трамп го изрази својот оптимизам за развојот на настаните на Блискиот Исток.
„Бевме многу одлучен тим и верувам кое дека ја добиваме оваа битка. Но, вистинската победа ќе дојде во следните две недели, кога ќе прогласиме целосна победа“, изјави Трамп.
Американскиот претседател нагласи дека овој развој на настаните ќе има директно и позитивно влијание врз глобалната економија, со посебен акцент на енергетскиот сектор.
Претходно во понеделникот, Иран официјално соопшти дека ќе ги прекине нападите врз Израел. Сепак, официјален Техеран упати и сериозно предупредување до израелските власти. Иранските претставници нагласија дека се подготвени да одговорат со „жестока сила“ доколку Израел продолжи со своите воени операции на територијата на Либан.
Експертите оценуваат дека ситуацијата во регионот останува кревка, и покрај оптимистичките изјави од Вашингтон и моменталното смирување на тензиите на терен.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

