01 март 2026
• од Гоце Кически
Државната телевизија на Исламска Република Иран објави дека починал врховниот лидер Ајатолах Али Хамнеи. Веста беше соопштена во вонреден дневник, при што водителката, видно вознемирена, заплака во текот на читањето на соопштението. Властите исто така прогласиле 40 дена жалост на територијата на земјата.
Хамнеи беше централна фигура во иранскиот политички систем повеќе од три децении, откако ја презеде функцијата врховен лидер во 1989 година. Под негово водство, Иран ја зацврсти улогата на верските институции во управувањето, ги прошири регионалните влијанија преку сојузни милиции и се соочи со серија меѓународни санкции поради нуклеарната програма. Критичарите со години укажуваа на систематско задушување на опозицијата, ограничување на медиумските слободи и брутални реакции кон протестите, додека државниот апарат инсистираше дека мерките се неопходни за зачувување на стабилноста и револуционерниот поредок.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

