14 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Поддршката за Украина претставува директна инвестиција во безбедноста на сите земји-членки на НАТО, изјави заменик-генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска, во интервју за Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Интервјуто беше направено на маргините на Форумот во Дубровник, каде што безбедносната поддршка за Украина беше една од централните теми.
„Од почетокот на бруталната руска агресија, НАТО сојузниците се во постојана координација за да ја поддржат Украина. На последниот самит потврдивме дека нејзината безбедност е нераскинливо поврзана со нашата. Поддршката за Украина не е само солидарност, туку стратегиска одлука – инвестираме во сопствената безбедност“, истакна Шекеринска.
Таа нагласи дека минатата година сојузниците на НАТО ја надминале ветената сума за помош на Украина, која сега изнесува повеќе од 50 милијарди евра. Осврнувајќи се на американската воена помош, која во еден момент беше суспендирана, а потоа повторно активирана, Шекеринска ја поздрави американската иницијатива за прекинување на застојот.
„Кога ѝ помагаме на Украина, помагаме и на нашата одбранбена индустрија. Со поддршка на украинската одбранбена способност, обезбедуваме стабилност и ги зајакнуваме капацитетите на НАТО. Украина секојдневно се соочува со напади – најчесто врз цивилни цели – и затоа оваа помош е од суштинско значење“, додаде таа.
Шекеринска исто така истакна дека воената поддршка за Украина ќе се пресметува во рамките на обврската на сојузниците да одвојуваат пет проценти од БДП за одбрана. Тоа, според неа, е уште еден показател за практичната и стратешка важност што НАТО ѝ ја придава на поддршката за Украина.
„Ова не е само политичка декларација – тоа се конкретни чекори што ги преземаме за да ѝ помогнеме на Украина во нејзината праведна борба за територијален интегритет и демократија“, заклучи Шекеринска.
Вигенин за Северна Македонија: Нема компромис со историјата и со правата на Бугарите
Бугарин со историја на Вимблдон: Иван Иванов нов јуниорски шампион без загубен сет!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден