19 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, ја повтори силната поддршка на Алијансата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакнувајќи дека Западниот Балкан останува регион од стратешко значење.
Во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот, Петер Соренсен, Шекеринска нагласила дека НАТО целосно стои зад процесот за нормализација на односите, кој се води под покровителство на ЕУ.
Таа ја потенцираше важноста на блиската соработка меѓу НАТО и ЕУ во одржувањето на мирот и стабилноста во Косово и поширокиот регион.
„Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е воено возможно на терен за да го заштити мирот, во корист на сите луѓе што живеат во Косово. Но, конечното решение за трајна регионална стабилност е политичко. За таа цел, НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот предводен од ЕУ и напорите на специјалниот претставник Соренсен“, изјави Шекеринска, според соопштението на Алијансата.
Во изјавата се посочува дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е на високо ниво, а континуираната координација ќе биде клучна за напредокот на процесот.
Шекеринска додаде дека сојузниците се согласиле да ја зголемат поддршката за напорите насочени кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека политичкиот дијалог останува единствениот одржлив пат кон долгорочна стабилност во регионот.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

