06 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, изрази цврста верба во капацитетот на бугарските граѓани и бизнис за напредок, особено во партнерство со САД и Европа. Неговото обраќање дојде по повод одбележувањето на 30-годишнината од основањето на Американската стопанска комора во Бугарија.
Во своето обраќање, Жељазков посочи дека американскиот начин на водење бизнис претставува дел од вредносниот систем на западната цивилизација – модел чија иднина и опстанок денес се тесно поврзани со соработката помеѓу Европа и САД.
„Јас верувам во талентот на бугарското општество, верувам во упорната работа и верувам дека во партнерство со Соединетите Американски Држави, како и во рамките на соработката меѓу САД и Европа, ние како народ и како бизнис ќе стигнеме таму каде што нè водат нашите соништа“, истакна Жељазков.
Тој додаде дека благодарение на работата на Американската стопанска комора, бугарскиот бизнис има можност да дели вредности поврзани со чесно и транспарентно работење, што довело до значителни успеси низ годините.
„Овие успешни компании не само што го следат американскиот модел, туку всушност го отелотворуваат моделот на западната цивилизација. А нејзиното опстојување во денешниот свет е тесно поврзано со цврстите односи меѓу Европа и САД“, нагласи бугарскиот премиер.
Жељазков потенцираше дека Бугарија, како членка на Европската Унија, има обврска да ги поддржува тие вредности и односи кои го зацврстуваат западниот цивилизациски избор.
„Западната цивилизација е уникатна – не универзална. Колку повеќе го разбираме тоа, толку посилна ќе биде нашата позиција. Зашто овој цивилизациски избор не е само наш пат, туку и наш придонес за доброто на нашите општества“, заклучи премиерот.