СВЕТ

Рекордно голема баница со рози приготвена во Бугарија – долга речиси 1 километар и тешка 400 килограми!

07 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во рамки на 13-тото издание на фестивалот „Леб на бугарите“, кој се одржа како дел од познатиот Фестивал на розите во Казанлак, Бугарија постигна нов кулинарски рекорд – беше приготвена баница со рози долга речиси 1 километар и тежина од околу 400 килограми.

Овој исклучителен гастрономски подвиг го обедини трудот на 19 локални општински центри, вклучувајќи го и домот за социјална патронажа и детската млечна кујна, кои со здружени сили создадоа уникатен десерт со традиционален вкус и арома на роза – симболот на регионот.

Баницата, покрај класичниот фил од турски локум, содржи и ливчиња од роза со масло, внимателно вметнати меѓу корите, а завршниот сируп со кој се полева тестото е ароматизиран со розова вода. На овој начин, традиционалниот бугарски специјалитет доби нов, фестивалски изглед и мирис што го одразува културното и природното богатство на Казанлак.

Фестивалот на розите, кој се одвива во текот на цел месец, започна во Археолошкиот комплекс „Долина на тракиските кралеви“, и претставува важен културен настан кој ја слави традицијата, историјата и природната убавина на регионот познат по своето производство на розово масло.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени