12 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваше на престижниот Бриселски форум, каде што во панел-сесија насловена „Трансатлантска одбрана: Кој плаќа? Кој дејствува?“ испрати силна порака за важноста на заедничките безбедносни напори помеѓу Европа и САД.
Во дискусијата, модерирана од Клаудија Мајор, потпретседателка на Германскиот Маршалов фонд (GMF), Шекеринска потенцираше дека европските и американските одбранбени напори мора да останат „трансатлантски и комплементарни“. Таа додаде дека сè поголемата одговорност што ја преземаат европските сојузници и Канада придонесува за тоа НАТО да стане „посилно, поефективно и поодлучно воено партнерство“.
Преку објава на социјалната мрежа X (поранешен Twitter), Шекеринска изјави:
„Чест ми беше да учествувам во панел-дискусија на Бриселскиот форум во пресрет на #NATOsummit. Конструктивна и навремена дебата за актуелните безбедносни предизвици, за потребата од зголемено одбранбено финансирање, правична распределба на товарот и значењето на трансатлантската врска.“
Шекеринска истакна дека претстојниот Самит во Хаг ќе постави темели за „посилно, подобро, поправедно и уште поефикасно НАТО“, со повисоки амбиции во заедничкото одвраќање и одбрана.
Бриселскиот форум е годишен настан организиран од Германскиот Маршалов фонд на САД и претставува платформа за дијалог помеѓу трансатлантските партнери. На панелот, покрај Шекеринска, учествуваа и Андриус Кубилиус, комесар за одбрана и вселенска политика при Европската комисија, шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард и претседателката на Европската инвестициска банка, Надија Калвињо.
Настанот доаѓа во пресрет на важен период за Алијансата, во кој зголемената глобална нестабилност и геополитичките тензии бараат поголема кохезија и подготвеност на НАТО.