22 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Израелскиот претседател Ицхак Херцог изрази силна поддршка за американските воздушни напади врз ирански нуклеарни објекти во неделата наутро, нарекувајќи ги „историски“ и потенцијално пресвртни за иднината на Блискиот Исток.
Во интервју за емисијата State of the Union на CNN со водителката Кејси Хант, Херцог ја поздрави „смелата и извонредна одлука“ на американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека таа би можела да отвори пат за „многу подобра иднина“ во регионот.
„Сите треба да го пофалиме претседателот Трамп за неговата храбра одлука. Тоа е историска, извонредна одлука што може да го смени правецот на Блискиот Исток,“ изјави Херцог.
Нападите на САД уследија по масовната израелска офанзива врз ирански цели од почетокот на месецов, која според Тел Авив била насочена кон нуклеарната инфраструктура на Техеран. Овие случувања ги засилија тензииите и доведоа до жестоки одмазднички удари од страна на Иран, со веќе сериозни човечки последици.
Според Херцог, американските воздушни сили „жестоко ги погодија“ иранските нуклеарни капацитети, додавајќи дека заедничките напади на САД и Израел го елиминирале нуклеарниот програм како „итна закана“. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека полниот ефект од овие напади сè уште не е јасен.
Херцог истакна и дека претседателот Трамп бил во тесна комуникација со највисоките израелски функционери за време на викендот, вклучително и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Треба да гледаме напред,“ рече Херцог, повикувајќи на обединетост и стратешка визија за иднината на регионот.
Меѓународната заедница со внимание ги следи развојот на настаните, загрижена поради можноста за проширување на конфликтот и дестабилизација на поширокиот регион.