20 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Светската јавност е потресена од веста за смртта на легендарниот актер и мајстор на боречки вештини Чак Норис. Информацијата првично беше објавена од порталот TMZ, повикувајќи се на соопштение од неговото семејство споделено на социјалните мрежи.
Според објавата на неговиот официјален профил на Instagram, Норис починал вчера наутро, опкружен со најблиските членови на своето семејство. Од таму велат дека станува збор за ненадејна загуба, а повеќе детали за околностите нема да бидат јавно објавени.
„Со тешко срце, нашето семејство ја споделува ненадејната смрт на нашиот сакан Чак Норис. Иако сакаме да ја задржиме приватноста, знајте дека тој беше во мир и опкружен со најблиските“, се наведува во објавата.
Семејството во соопштението го опишува како човек кој оставил длабока трага не само во филмската индустрија, туку и во животите на милиони луѓе ширум светот.
„За светот тој беше мајстор на боречки вештини, актер и симбол на сила. За нас беше посветен сопруг, грижлив татко и дедо, неверојатен брат и срцето на нашето семејство. Со својата работа, дисциплина и добрина инспирираше милиони луѓе“, додаваат тие.
Чак Норис беше една од најпрепознатливите фигури во акционата кинематографија, познат по своите улоги во филмови и серии кои ја одбележаа поп-културата со децении. Неговото влијание се простираше и надвор од филмот, особено преку неговата посветеност на боречките вештини и мотивациските пораки за дисциплина и истрајност.
Неговото наследство ќе продолжи да живее преку бројните улоги, достигнувања и инспирацијата што им ја остави на генерации обожаватели ширум светот.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Филипче: Цените растат, а Мицкоски троши народни пари наместо да преземе мерки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

